2024 година – ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на старите занаети во Општина Куманово

СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ ЗАНАЕТИ  КУМАНОВО
ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на старите занаети во Општина Куманово за 2024 година
1.Предмет на јавниот повик е субвенционирање на старите занаети во Општина Куманово,
Општина Куманово има за цел да го поттикне развојот на традиционалните занаети преку субвенционирање на занаетчиите во Општина Куманово, но не повеќе од 15.000,оо денари. Јавниот оглас ќе трае 15 дена од денот на објавувањето.
Согласно одлуката од управен одбор за финасирање на старите занаети во Општина Куманово за 2024 година., одобрени средства се во висина од 150.000,оо денари.
2.Право на учество на јавниот повик имаат:
-Занаетчии кои не добиле финансиски средства од Општина Куманово за 2024 год. за проекти за субвенционирање од слични или други извори;
-Занаетчите кои се регистрирани согласно Законот за вршење на занаетчиска дејност (“Службен весник на РМ“ бр.15/2015) и се занимаваат со занаетчиска дејност (стари занаети), кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во контуинитет.
Се работи за следните занаети: јорганчиња, опинчар, јажар , крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна
ракотворба, производство на музички инструменти, самарџија и кондураџија;
-Започнале со работење најмалку 3 (три) месеци пред објавувањето на јавен повик
(регистрација/упис во Регистарот на занаетчии).
3.Потребни докумнти за пријавување:
-Пополнето Барање (може да се подигне од просториите на РЗК-Куманово);
-Изјава од апликантот дека досега не користел стредства од Општина Куманово за ниту една од
намените;
Горенаведената документација целосно пополнета се доставува во оригинал или копија заверена
на нотар.
Ненавремена и нецелосна документација нема да биде предмет на разгледување од страна на
комисијата.
4.Субвенционирање на старите занаети во општина Куманово
– Барањата од занаетчиите ќе ги разгледува Комисија формирана од РЗК-Куманово,
– Изборот на апликанти кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави
запазувајќи го принципот “Прв дојден, прв услужен“ , односно по редослед на поднесување на
апликацијата, до исцрпување на расположивите средства.

ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТИ