ПОКАНА
Регионална занаетчиска комора – Куманово
Ве поканува на обуките во рамки на проектот:
„Обуки за нови техники и алатки за дизајнирање и изработка на занаетчиски производи“
📅 Датум: 24 и 26 февруари 2025 година
🕚 Време: 11:00 – 13:00 часот
📍 Локација: Кружна сала, Комитет – Куманово
Во рамки на овие обуки, врвни професори со меѓународно искуство ќе ги споделат своите знаења и вештини за модерни техники и алатки кои можат да го подобрат производствениот капацитет на занаетчиите. Ова е одлична можност за сите вршители на занаетчиска дејност да ги унапредат своите процеси и да се запознаат со најновите трендови во дизајнирањето и изработката на занаетчиски производи.
Настанот е наменет за микро и мали претпријатија, самостојни занаетчии и сите заинтересирани за усовршување во оваа област.
📢 Бројот на местата е ограничен, затоа ве молиме да го потврдите вашето присуство најдоцна до 22 февруари 2025 година.
📩 Пријавување и повеќе информации:
☎️ 070542162
📧 president@zkrm.mk
Со нетрпение очекуваме да бидете дел од ова значајно случување!
Со почит,
Агрон Фазлији
Претседател на Регионална занаетчиска комора – Куманово
