ЈАВЕН ПОВИК
за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдена локација со поставени монтажно – демонтажни штандови
Манифестација: „Новогодишно – Божиќен Базар“
Период: 15.12.2025 – 10.01.2026година
Новогодишен базар – ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТ
ПРЕВЗЕМИ БАРАЊЕ за Новогодишен базар
ЗА ПОВИКОТ
Регионалната занаетчиска комора – Куманово има легален статус и значајна улога во системот на занаетчиски комори, кои ги претставуваат и застапуваат занаетчиите и вршителите на занаетчиска дејност во својот регион.
РЗК Куманово спроведува активности со цел поттикнување, поддршка и обезбедување логистика за сите форми на соработка со повеќе засегнати страни, вклучувајќи ја бизнис-заедницата, локалните и националните институции, граѓанскиот сектор и други партнери.
РЗК Куманово и Општина Куманово имаат потпишано Меморандум за соработка, бр. 03-4057/1 од 21.05.2021 година, со општински број 10-15/21 од 21.05.2021 година, преку кој двете страни се стремат кон одржлив економски развој.
По повод новогодишните и божиќните празници, Регионалната занаетчиска комора – Куманово, во соработка со Општина Куманово, ги известува сите заинтересирани правни и физички лица за можноста за изнајмување продажен штанд на претходно утврдена и одобрена локација.
Локација: Градски плоштад „Нова Југославија“, центар на градот
Период на настанот: 15.12.2025 – 10.01.2026 година
Цел на настанот:
- Промоција на бизниси и локални производи
- Развој на економијата и културата
- Промоција на занаетчиството
- Поттикнување на одржлив економски развој
- Создавање позитивно новогодишно расположение кај граѓаните
Опис на штандовите и цена
Поставени ќе бидат 13 (тринаесет) дрвени штандови со следниве спецификации:
- Дрвена конструкција
- Цврста покривна конструкција
- Димензии: ширина 2 m, длабочина 2 m, висина 2,60 m
Штандовите ќе бидат доделени без паричен надомест, со цел поддршка на локалната економија.
Критериуми за избор
- Тематска усогласеност со новогодишниот и божиќниот дух
- Квалитет, оригиналност и безбедност на производите
- Ограничен број штандови – предност имаат пораните пријави и разновидноста на понудата.
- Усогласеност со законските прописи (особено за храна и пијалаци)
. Видови излагачи:
- Традиционални занаетчиски изработки (дрворезба, керамика, грнчарство, филигран, сувенири)
- Рачни изработки, украси и декорации
- Природна козметика
- Топли и ладни напитоци (безалкохолни и алкохолни, согласно прописите)
- Подароци, пакети и тематски сетови
- Уметнички слики, уметнички и декоративни предмети
- Рачно плетени капи, шалови, ракавици
- Изработка на празнични декорации на лице место
- Домашни органски производи (слатко, мед, џемови, сокови и др.), во соодветна амбалажа
- Приготвување и продажба на палачинки (слатки и солени)
- Печени костени и ситни грицки
- Топли напитоци (чаеви, варено вино, топло чоколадо) – согласно законските прописи.
- Услужни дејности не спомнати на друго место ( поврзани со темата на манифестацијата)
- Забавни и рекреативни дејности не спомнати на друго место (поврзани со темата на манифестацијата)
Услови за користење на штандови
Време на користење
Штандовите мора да се користат во согласност со времетраењето на настанот – секој ден во периодот од 15.12.2025 до 10.01.2026 година, во временски интервал од 10:00 до 22:00 часот (или во согласност со официјално утврдениот работен термин).
Намена на штандовите
Штандовите се наменети исклучиво за промоција и продажба на локални производи и услуги, во духот на новогодишно-божиќната тематика.
Одржување ред и хигиена
Корисниците се должни да го одржуваат штандот и околниот простор, чист, уреден и безбедeн, како и да го враќаат во првобитна состојба по завршување на користењето.
Рекламирање и промоции
Забрането е поставување рекламни материјали, банери или активности кои не се во согласност со целта на настанот или не се претходно одобрени од организаторот.
Усогласеност со законските прописи
Корисниците се должни да ги почитуваат сите важечки законски прописи, особено оние поврзани со: безбедност на храна и пијалаци, санитарни услови, продажба на алкохол, употреба на јавен простор.
Забранети активности
Не е дозволено оптоварување на штандовите со опрема што може да ја наруши нивната стабилност, како и практикување дејности кои можат да предизвикаат опасност, непријатност или нарушување на јавниот ред.
Одговорност
Корисниците се одговорни за штетите предизвикани врз штандот, опремата или просторот, настанати поради нивно невнимание или неправилно користење.
Корисниците треба да го осветлат штандот во духот на манифестацијата.
Електрична енергија за осветлување ќе биде достапна од страна на организаторот.
Да не се користат електрични уреди за греење како и за подготовка на производи на штандот од приклучокот на организаторот.
Доколку има потреба од дополнително користење на електрична енергија за греење, како и подготовка на производи самиот корисник на штанд треба да си обезбеди самостоен приклучок или агрегат, на свој трошок.
.При користење на друг извор на енергија да се носи и опрема согласно стандарди ПП апарати и други согласно закон.
Електрична енергија за греење и призводство може да се користи независно од организаторот на сметка на корисникот.
Право на суспензија
РЗК Куманово го задржува правото да го ограничат или суспендираат користењето на штандот во случај на непочитување на поставените правила, мерки или законски прописи.
Потребни документи за пријава на јавниот повик:
Сите заинтересирани треба да пополнат Барање за користење на штанд, најдоцна до 11.12.2025 год. до 14: 00 час , во канцеларијата на Регионална Занаетчиска комора Куманово, со седиште на ул. “Гоце Делчев” бр. 71 , 1300 (Дом на Занаетчии – Куманово)
Контакт:
mail: rzk_ora.ku@hotmail.com
Тел: 070 542-162
